Таневски го објави списокот за денешниот контролен меч со САД, повикани 22 млади фудбалери

Селекторот на македонската репрезентација до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот на фудбалери повикани за контролниот натпревар против селекцијата на САД до 20 години.

Пријателскиот натпревар ќе се одигра денеска во Петрич и ќе претставува важна проверка за младите македонски надежи против силен и квалитетен противник.

На списокот на Таневски се најдоа 22 фудбалери:

Голмани:
Стефан Јованоски (Млада Болеслав, Чешка) и Даниел Диковски (Брера Струмица).

Одбрана:
Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Фидан Шерифи (Македонија Ѓорче Петров), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Брера), Андреј Мурџески (Вардар) и Димитар Мартиновски (Македонија Ѓорче Петров).

Среден ред:
Виктор Делов (Беласица), Тео Сандев (Моторлет Прага, Чешка), Габриел Крстевски (Пелистер), Емир Шаботиќ (Детонит), Андреј Стојановски (Скопје) и Васил Тасовски (Напредак Крушевац, Србија).

Напад:
Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Мирза Хасиќ (Шкендија Арачиново), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Иван Шириќ (АП Брера Струмица), Ѓоко Спасов (Тиквеш), Лука Бојаџиев (Брегалница) и Шабан Мемети (Арсими).

Контролниот дуел против американската селекција ќе му послужи на стручниот штаб за проценка на моменталната форма и потенцијалот на играчите во пресрет на идните репрезентативни активности.

 

фото: ФФМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.