(Видео) Ај Кју со спот за „Убава“ по повеќе од една деценија
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Јуни 2026
Еден од најголемите хитови на Ај Кју, песната „Убава“, конечно доби официјален видеозапис, повеќе од десет години по нејзиното објавување.
Песната, со која Ај Кју победија на Скопски фестивал 2015, со текот на времето стана една од нивните најпрепознатливи љубовни нумери и чест избор за прв свадбен танц на многу парови.
Инспирирани од нејзината посебна приказна, членовите на дуото одлучија видеото да го создадат од најубавите моменти од нивната свадба, која неодамна се одржа на плажа во Грција.
За реализацијата на спотот беше задолжен Марио Блажевски од Студио Белмондо, кој преку автентични кадри успеа да ја долови љубовната приказна што стои зад песната и да ѝ подари визуелна димензија каква што заслужува.
Со овој видеозапис, „Убава“ добива нов живот и уште една потврда за своето посебно место меѓу најомилените македонски љубовни песни.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















