Јелена Јованова и Гораст Цветковски ги позајмија гласовите за македонскиот анимиран филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Јуни 2026
Македонската актерка Јелена Јованова ќе го позајми гласот на блузичката Лефти во новиот анимиран краток филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“. Таа вели дека особено ја радува можноста да биде дел од проект наменет за најмладите, особено сега кога и самата е мајка на две деца.
„Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело е секогаш благородно и служи на многу генерации“, изјави Јованова.
Во филмот ќе учествува и актерот Гораст Цветковски, кој со доза хумор откри дека долго време посакувал да одигра принц и – панталони.
„Како актер, во мојата досегашна кариера сум бил сѐ и сешто, но имам две работи кои посебно посакувам да ги изиграм. Едната е принц, а другата е панталони. И ете, 50 отсто ќе ми се исполнат набрзо“, вели Цветковски.
„Лефти и Рајти си најдоа дом“ е во режија на Илија Тодоровски, во продукција на зАнимација продукција и копродукција со „Минија филм и анимација“ од Хрватска. Приказната е создадена според сликовниците на Наташа Дукоска, која е и сценарист на филмот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













