Македонски диџеј меѓу 25-те најдобри од над 11.000 кандидати за настап на еден од најголемите фестивали во светот
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 01 Јуни 2026
Младиот македонски продуцент и диџеј Анастас е избран во престижната програма „Untold Creators by Visa“, организирана од UNTOLD Festival, еден од најголемите музички фестивали во Европа и светот.
Во конкуренција од 11.366 апликации од повеќе земји, Анастас се најде меѓу само 25-те избрани диџеи кои ќе бидат дел од интернационалната програма. Ова е и прва година во која организаторите отвораат можност за учество на артисти надвор од Романија.
Во рамките на програмата, учесниците имаа можност да работат со светски познати продуценти и ментори од електронската музичка сцена, а како завршен проект подготвија авторски DJ сетови.
Во тек е официјалното гласање за најдобар DJ сет, а четворица учесници ќе добијат можност да настапат на фестивалските сцени на UNTOLD, додека еден ќе се искачи на главната сцена заедно со светски музички имиња како Sting, Martin Garrix, Kygo, Afrojack и Lost Frequencies.
Анастас има 26 години и доаѓа од Скопје. Во изминатиот период настапувал со познати имиња од електронската сцена како Argy, Hugel и Andrew Meller, а бил и резидент DJ во „Станица 26“.
Неговата музика е објавувана преку познати електронски издавачки куќи, а неговиот стил комбинира melodic house, organic елементи и современа електронска продукција.
Успехот на Анастас претставува значајно меѓународно признание и ретка можност млад македонски артист да ја претставува земјата на една од најголемите музички сцени во светот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















