My Tear со нов сингл и најава за трет студиски албум
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 28 Мај 2026
Скопскиот пост-панк состав My Tear го претстави новиот сингл „Сонцето грее само над облаците“, кој воедно е и прво музичко издание на бендот во новиот состав. Покрај фронтменот Дени Крстев, групата сега ја сочинуваат и Антони Анев од „Преку Ред“ на бас и вокал, како и Иван Димишков – Димиш на тапани.
Новата песна е вовед во претстојниот трет албум на бендот, кој според најавите треба да биде објавен до крајот на следната година. Автор на музиката и текстот е Дени Крстев, додека аранжманот е заедничко дело на членовите на My Tear.
Бендот дебитираше во 2019 година со првиот албум „My Tear“, од кој се издвојуваат песните „Остави ме да бидам“, „Лаги шарени“, „Човек од стакло“ и „Крај на јули“. Во следните години групата продолжи со нови изданија, меѓу кои синглот „На старите станици“ и албумот „Кога не се сакаме“, објавен во 2024 година.
„Сонцето грее само над облаците“ е снимена и продуцирана во Студио 1060 во март 2026 година, под продукциска палка на Дени Крстев.
Паралелно со песната, My Tear го објавија и видеоспотот, реализиран во продукција на „Кејв Продукција“. Главната улога ја толкува Џенап Самет, а сценариото, режијата и монтажата ги потпишува Филип Лафазановски. На видеото работеа и Мирослав Илиќ како директор на фотографија и колорист, Елена Билбилоска како костимограф, како и Мајра Фирез задолжена за сценографијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













