Јован Јованов и Елвир Мекиќ подготвуваат музички спектакл во „Борис Трајковски“

Во пријатна атмосфера во Intermezzo Music Bar, Јован Јованов и Елвир Мекиќ пред претставници на медиумите ги споделија деталите за нивниот голем концерт кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“.

 

Двајцата музичари открија дека интензивно се подготвуваат за настапот заедно со бендот и танчерите, а иако засега немаат трема, велат дека возбудата е сè поголема. Посебно емотивен момент за нив ќе биде тоа што нивните деца за првпат ќе ги гледаат во живо на голема сцена.

 

Публиката може да очекува богата музичка програма со бројни гости, меѓу кои Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Тони Зен, Слаѓа Делибашиќ, Џус, Пајак и Врчак. Дел од танчерите кои ќе бидат дел од шоуто биле избрани преку специјална аудиција.

 

За сценскиот изглед на Јован и Елвир се погрижил дизајнерот Андреј Папаз, кој подготвил повеќе различни модни комбинации за концертот. Музичарите уште еднаш упатија апел до публиката да дојде облечена во бело, откривајќи дека целиот концепт на шоуто ќе биде во духот на „сензација во бело“.

 

Тие најавуваат вечер исполнета со нови и стари хитови, како и песни кои кај публиката ќе разбудат силна носталгија. Јован им се заблагодари на фановите, спонзорите и медиумите за поддршката, додавајќи дека со нетрпение го очекуваат концертот.

 

Билетите речиси се распродадени, а заинтересираните сè уште можат да ги набават преку MK Tickets.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.