„Делириум“ ги спои Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ пред големиот концерт во Скопје

Македонската музичка сцена доби ново музичко освежување откако Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја објавија заедничката песна „Делириум“, соработка која уште пред премиерата предизвика големо внимание кај публиката.

 

 

Новата нумера доаѓа како најава за долгоочекуваниот концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни во Спортски центар Борис Трајковски. Пајак ќе настапи како еден од специјалните гости, а публиката ќе има можност премиерно да ја слушне „Делириум“ и во живо.

 

 

На песната работеа повеќе автори, меѓу кои Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, додека видеоспотот е снимен на локација во близина на Скопје, под режисерската палка на Гордан Божиновски.

 

Јован открива дека „Делириум“ првично била планирана како дел од новиот албум на Пајак, но поради концертот што следува, решиле песната да ја објават порано и да ја претстават пред публиката. Според првите реакции, песната веќе се издвојува како хит кој лесно се памети и брзо „влегува во уво“.

 

Покрај тројцата музичари, на сцената ќе се појават и Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа, Слаѓа Делибашиќ и Џус, како и специјален гостин чие име засега не се открива.

 

 

Организаторите најавуваат спектакуларна вечер исполнета со емоции, хитови и впечатлива сценска продукција, а за дополнителен визуелен ефект е воведен и дрес-код „All White“, со кој публиката се повикува да биде облечена во бело.

 

Билетите за концертот се речиси распродадени, а заинтересираните можат да ги обезбедат преку MKTickets.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.