Васил Хаџиманов специјален гостин на концертот „Срцевина“ на Архангел во Скопје
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 19 Мај 2026
Познатиот пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со својот бенд, ќе настапи како специјален гостин на големиот концерт „Срцевина“ на Архангел, кој ќе се одржи на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.
Настапот доаѓа како резултат на новата музичка соработка помеѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов, која во изминатиот период се реализира во студио во Белград. Според Вртев, отворањето на авторскиот процес кон други врвни музичари за него претставува ново и инспиративно искуство.
Тој најавува дека публиката наскоро ќе има можност да слушне и дел од новиот материјал создаден во рамки на оваа соработка, што дополнително ја зголемува заинтересираноста за концертот.
Гостувањето на Васил Хаџиманов и неговиот бенд е уште едно од изненадувањата што ги подготвува Архангел за скопската публика пред концертната вечер на стадионот на АРМ.
Влезниците за концертот „Срцевина“ се веќе пуштени во продажба преку платформата karti.com.mk и продажната мрежа низ државата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













