Архангел се враќа со нов сингл „Дни оловни“ по повеќе од две децении пауза

Македонската рок група Архангел официјално се враќа на музичката сцена со новиот сингл „Дни оловни“, најавувајќи ново дискографско поглавје и голем самостоен концерт во Скопје.

 

 

По повеќе од 20 години од последното студиско издание, бендот повторно објавува нова музика, чиј автор е фронтменот Ристо Вртев. Песната носи силна симболика и тематски ја поврзува долгогодишната кариера на Вртев со актуелниот творечки период, задржувајќи го препознатливиот автентичен рок израз на бендот.

 

Синглот е снимен и продукциски обработен во скопското студио „Clinic Sound“ со Нино Спиркоски, додека sound design-от го потпишува Марко Миличевиќ – Gramophonedzie. Новата музика се најавува како вовед во петтото студиско издание на групата.

 

Паралелно со објавата, Архангел го најавуваат и концертот „Срцевина“, кој ќе се одржи на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, каде покрај добро познатите хитови, публиката ќе има можност да слушне и нов материјал во живо.

 

Проектот и концертот се реализираат под издавачката куќа Adriatica Records, а влезниците се веќе достапни во онлајн продажба и преку дистрибутивната мрежа низ земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.