Голем музички спектакл во Скопје: Јованов и Мекиќ со бројни гости на сцена

На само еден месец пред еден од најзначајните концерти оваа сезона, Јован Јованов и Елвир Мекиќ интензивно се подготвуваат за настапот закажан на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“. Публиката ја очекува вечер исполнета со нивните најголеми хитови, силни емоции и модерна сценска продукција.

 

Двајцата артисти, кои оставија силен белег на домашната музичка сцена, најавија и богата листа на гости што ќе им се придружат. На сцената ќе настапат Пајак, Тони Зен, Маја Саздановска и Адријан Гаџа, како и регионалните имиња Слаѓа Делибашиќ и Џус. Дополнително, најавен е и специјален гостин чие сценско име започнува со буквата В, што дополнително ја зголемува неизвесноста и интересот.

 

Интересот за концертот е огромен, а билетите веќе се при крај и може да се набават преку MKTickets. Организаторите најавуваат уникатен концепт под мотото „Сензација во бело“, со апел до посетителите да се придржуваат до дрес-кодот и да дојдат облечени во бело за да се создаде посебна атмосфера.

 

Овој настан ветува да обедини различни генерации – од оние кои со носталгија ќе се потсетат на минатите времиња, до младите кои нивните песни ги оживуваат на социјалните мрежи. Концертот најавува вечер за паметење, наменета за целата публика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.