(Видео) Никола Милосковски со „Стари мој“ ја најавува својата авторска музичка приказна

Македонската музичка сцена добива ново име – Никола Милосковски, млад изведувач од Куманово, кој по подолг период настапи на социјалните мрежи со кавери на познати песни, сега ја промовира својата прва авторска песна „Стари мој“.

Песната претставува негово прво официјално авторско издание, со кое тој го означува почетокот на посериозна музичка кариера. По стекнатата популарност преку онлајн настапи, неговиот вокал го привлекол вниманието на авторот Емел Франца, кој ја потпишува музиката и текстот на песната.

Аранжманот е дело на Кристијан Јовановиќ, а за видеоспотот, кој е снимен на неколку локации во Скопје, режијата ја потпишува Алек Тасевски. Видеото ја следи емотивната приказна на баладата и ја истакнува визуелната естетика на проектот.

Иако првично песната е издадена на српски јазик, најавена е и македонска верзија, со што авторот и тимот најавуваат поширока музичка насока во иднина.

Со „Стари мој“, Милосковски го прави првиот чекор во својата авторска кариера, најавувајќи нови музички проекти во периодот што следува.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.