„Тиквеш“ со 18 медали на „Decanter 2026“ – „Babuna 2022“ највисоко оценето македонско вино

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година се закитија со високи признанија на еден од најреномираните светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на врвниот квалитет и меѓународната конкурентност на македонската винска индустрија.

Во конкуренција на речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, „Тиквеш“ освои вкупно 18 медали – два златни, пет сребрени и единаесет бронзени.

Најголем успех постигна црвеното вино „Babuna 2022“, кое освои златен медал и високи 96 поени, што го прави највисоко оценето македонско вино на годинешното издание на натпреварот. Вториот златен медал го доби „Found Kratosija 2024“, произведено од „Тиквеш“ за британскиот пазар, со освоени 95 поени.

Со сребрени медали беа наградени вината „Luda Mara 2024“, „Bela Voda 2022“, „Babuna 2023“, „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023“ и белото вино „Barovo Fumé Blanc 2025“.

Бронзени медали освоија „Bela Voda White 2024“, „Barovo Sauvignon Blanc 2025“, „Bela Voda Red 2021“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2023“, „Luda Mara Vranec 2023“, „Babuna White 2025“, „Luda Mara White Cuvée 2025“, „Alexandria Premium White Cuvée 2025“, „Smederevka 2025“ и „Barovo Red“ од бербите 2021 и 2022 година.

Од Винарската визба „Тиквеш“ истакнуваат дека освоените признанија се уште една потврда за долгогодишната посветеност на квалитетот и континуираниот развој на нивното винско портфолио.

„Освојувањето на вкупно 18 медали на ‘Decanter World Wine Awards 2026’, меѓу кои два златни, претставува уште една потврда за квалитетот што доследно го градиме со децении. Особено нè радува фактот што нашето ‘Babuna Red 2022’ е оценето со 96 поени, што го вбројува меѓу највисоко оценетите вина на годинешниот натпревар“, велат од компанијата.

„Decanter World Wine Awards“ се смета за најголем и еден од највлијателните вински натпревари во светот. Годинава вината ги оценуваа 245 врвни вински експерти, меѓу кои 63 носители на титулата „Master of Wine“ и 24 „Master Sommelier“, преку повеќестепен процес на слепо дегустирање и евалуација.

Освоените медали не само што го потврдуваат квалитетот на вината на „Тиквеш“, туку придонесуваат и за дополнителна промоција на македонското вино на меѓународната сцена, зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како препознатлива винска дестинација на светската винска мапа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.