Во Ерусалим повторно се појави Благодатниот оган – започна неговото пренесување во православниот свет

Во Храмот на Светиот Гроб во Ерусалим и оваа година на Велика сабота се појави Благодатниот оган, според традицијата на православната црква.

По церемонијата, огнот започна да се пренесува кон православните земји во светот, каде што се дели во храмовите на верниците во пресрет на празникот Христовото Воскресение – Велигден.

Благодатниот оган традиционално се смета за еден од најзначајните настани во православната велигденска традиција и секоја година привлекува големо внимание од верниците ширум светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.