Православните христијани го слават Цветници – празник на влегувањето на Исус во Ерусалим

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Цветници, познат и како Цветоносна недела и Врбица, кој го најавува почетокот на последната седмица пред Христовите страдања.

Празникот го симболизира свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим, кога народот го пречекал со гранчиња и цвеќиња. Во православната традиција, верниците носат врбови гранчиња како симбол на животот и обновата.

Цветници се слават во неделата пред Велигден и претставуваат вовед во Страсната седмица, период посветен на сеќавањето на страдањата, смртта и Воскресението Христово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.