Рецепт: Чорбест бел грав без масло за денешната православна трпеза
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 23 Февруари 2026
Потребни состојки за посен бел грав без масло:
400 гр. грав
2 моркови
1 кромид
1 праз
1 пиперка
½ чешне лук
2 ловорови листа
2 лажички буковец
2 лажици таан
1 лажичка зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
1 лажичка нане
Бибер
Сол
Начин на подготовка:
Гравот убаво се мие и остава да стои во ладна вода околу 6 часа. Откако ќе се исцеди, се става во подлабок сад, се додава вода и ситно исецкан кромид, потоа морков, праз и пиперка и се остава да се вари на тивок оган. После 15′ варење, се додава претходно растворениот таан и буковецот. Откако гравот добро ќе се свари, се додава ситно исецкан лук, зачин од зеленчук, ловоров лист, нане, малку бибер и сол по вкус и се трга од оган.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













