Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот поевтинува – нови цени на горивата

Од полноќ стапуваат на сила новите максимални цени на горивата, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Најголема промена има кај бензините – ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 3,50 денари и ќе се продава по 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 3,50 денари и ќе чини 102,50 денари за литар.

За разлика од бензините, дизелот поевтинува за 2 денари, па новата максимална цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 99 денари за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, за 4,50 денари, па новата цена ќе биде 109,50 денари за литар. Мазутот поскапува за 2,242 денари и ќе чини 48,243 денари за килограм.

РКЕ соопшти дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар се зголемиле во однос на претходната пресметка, но во цените е применета и владината одлука со која ДДВ-то за дизелот е намалено на 10 отсто, како и намалените износи на акцизите.

Новите максимални цени важат од 15 септември во 00:01 часот, а трговците можат да ги продаваат горивата и пониско од утврдените максимални цени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.