Сите патишта проодни, коловозите суви – можна појава на одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира ЈП „Македонијапат“. Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени делници што минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Од „Македонијапат“ апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Дежурните екипи се постојано на терен и се грижат за одржување на проодноста на сите патни правци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.