Муцунски: Културата е еден од најсилните изрази на тоа што сме

Културата е еден од најсилните изрази на она што сме и преку неа ги чуваме јазикот, традицијата и историската меморија, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по повод 35 години независност.

Муцунски посочи дека преку музиката, уметноста и современото творештво македонската автентичност се претставува пред светот, а овие денови македонската култура се промовира во повеќе светски центри.

„Три и пол децении независност се потврда на нашата државност, идентитет и вредностите што ги градиме со посветеност, достоинство и одговорност“, напиша Муцунски.

Тој истакна дека преку дипломатската мрежа продолжува афирмацијата на македонската култура и идентитет, со цел градење мостови на пријателство, почит и соработка со светот.

Инаку, по повод 35-годишнината од независноста, македонската култура деновиве беше претставена и преку низа настани во странство, меѓу кои и свеченоста во Загреб со концерт на хорот „Про Арс“ и изложба на Државниот архив.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.