Зголемен сообраќајот надвор од градовите, коловозите наместа влажни

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, но на места коловозите се влажни, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот е зголемен на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.