Сончево и посвежо време, засилен северозападен ветер над 50 км/час
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Септември 2026
Денеска, 13 септември, времето ќе биде сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северозападен правец, со брзина над 50 километри на час.
Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 21 до 30 степени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













