Николоски: Новата централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и помалку загадување
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Септември 2026
Изградбата и пуштањето во употреба на новите когенеративни капацитети во Чаир ќе придонесат за поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
При отворањето на новите капацитети на „TESSA Energy“, Николоски истакна дека Владата ги поддржува домашните компании кои инвестираат во зелена транзиција и придонесуваат за поголема енергетска независност на државата.
Според него, новата инвестиција ќе има значење и за квалитетот на воздухот во главниот град, заедно со останатите проекти кои ги најавува Владата, меѓу кои градскиот воз и набавката на нови електрични автобуси.
„Имаме след од неколку дена на инвестиции коишто се инвестиции на 21-от век“, рече Николоски, посочувајќи ги ветерниот парк, новиот аеродром и когенеративната централа како примери за насоката во која, според него, треба да се движи државата.
Николоски порача дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски има јасна визија за развојот на земјата и дека фокусот е ставен на модернизација, зелена енергија и енергетска независност.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













