Променливо облачно време со дожд и грмежи, ќе дува засилен северен ветер
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Септември 2026
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и со брзина над 50 километри на час.
Максималните температури ќе се движат од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне во делови од Скопската Котлина се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 28 степени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













