Десет возачи приведени за безобѕирно управување, девет возеле без дозвола
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Септември 2026
Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие привеле 10 возачи на различни локации низ државата поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.
Меѓу приведените се девет лица кои управувале возила без претходно да положат возачки испит.
Станува збор за лица на возраст од 19 до 49 години од Скопје, Тетово, Виница, Кочани и Македонска Каменица.
Приведен е и 47-годишен жител на Кочани, кој бил затекнат како управува возило и покрај активна забрана за управување.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата, да не управуваат возила без положен возачки испит или за време на изречена забрана, како и никогаш да не возат под дејство на алкохол.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













