Министерката Божиновска и главниот државен ревизор Ацевски договорија строги механизми за следење на препораките во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, на која во фокус беа резултатите од спроведените ревизии во енергетскиот сектор, утврдените состојби и мерките за нивно надминување.

 

На средбата, која следува по претходното барање на министерката за спроведување ревизорски постапки во овие институции, беа анализирани констатираните пропусти и слабости.

 

Божиновска нагласи дека ревизорскиот извештај не смее да биде последен чекор туку почеток на вистински промени, истакнувајќи дека секоја забелешка мора да добие институционален одговор, јасен рок и целосна отчетност.

 

Во таа насока, Министерството ќе побара од надлежните субјекти во секторот енергетика изработка на прецизни акциски планови со конкретни мерки и одговорни лица.

 

Главниот државен ревизор Ацевски ги презентираше клучните наоди, при што соговорниците ја потврдија потребата од силна институционална координација за да се воспостави поголем ред, зголемена ефикасност и одговорно управување со јавните ресурси во интерес на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.