Македонскиот филм пред хрватската публика: Фестивалот отворен во Сплит со „Железна тврдина“

Во полна сала на Центарот за култура „Златна врата“ во Сплит синоќа беше отворено второто издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм.

 

Годинава фестивалската програма е посветена на македонскиот документарен филм.

 

На отворањето пред публиката се обратија претставници на Центарот за култура „Златна врата“, Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит, Македонскиот културен центар во Загреб и Кинотеката на Македонија.

 

Фестивалот во Сплит беше отворен со документарно-играниот филм „Железна тврдина“, најновото остварување на македонскиот режисер Митко Панов.

 

Организатор на фестивалот е Македонскиот КИЦ во Загреб, во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи.

 

Програмата е дел од годишната активност на КИЦ и е поддржана од Министерството за култура и туризам.

 

Сплитската фестивалска програма се реализира во соработка со Македонското културно друштво „Македонија“ и Центарот за култура „Златна врата“.

 

По отворањето во Сплит, фестивалот во текот на септември и октомври ќе продолжи во уште 11 хрватски градови, со што македонската филмска продукција ќе биде претставена пред пошироката публика во Хрватска во годината кога се одбележуваат 35 години од независноста на Македонија.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.