Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ја премиерира претставата „Нона“ во режија на Дамјан Костовски

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 11 септември, петок, во 20 часот ја отвора новата театарска сезона со премиерата на црната комедија „Нона“, работена според текстот на аргентинскиот драмски автор Роберто Коса, а во режија на Дамјан Костовски.

 

Во насловната улога настапува Фаик Мефаилоски, додека останатите ликови ги толкуваат Кире Ацевски, Благојчо Стојанов, Кети Борисовска, Васил Зафирчев, Славица Манаскова и Талија Ѓорѓиева.

 

Претставата претставува приказна за едно семејство и неговата стогодишна баба чиј ненаситен апетит станува извор на низа комични, но и длабоко драматични ситуации, отворајќи ги низ црн хумор и апсурд темите за сиромаштијата, егзистенцијата и борбата за опстанок.

 

За уметничкиот и визуелен идентитет на проектот се погрижија драматургот Катерина Момева, сценографот Филип Коруновски, костимографот Марија Пупучевска и кореографот Кренаре Невзати Кери.

 

Со оваа впечатлива премиера, театарот ја најавува богатата програма со нови сценски остварувања подготвени за публиката.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.