„Траги и растојанија“ на Иван Блажев – 18 години спомени преточени во фотографии
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 10 Септември 2026
Самостојната изложба на фотографии ќе биде отворена вечерва, 10 септември, со почеток во 20 часот, во рамки на Факултетот за ликовни уметности.
Поставката опфаќа околу педесет фотографии создадени во периодот од 2006 до 2024 година, како резултат на долгогодишен процес на истражување, размислување и авторско обликување.
Преку фотографиите, Блажев се навраќа на темите поврзани со меморијата, имагинацијата и начинот на кој времето остава траги.
Наместо класично хронолошко прикажување на минатото, изложбата отвора простор меѓу реалните случувања, личните сеќавања и она што со текот на времето можеби сме го надградиле во сопствената имагинација.
Посебен дел од концептот претставуваат личните фотографии на ќерката на авторот, преку кои е забележан нејзиниот пат од детството до созревањето.
Фотографиите се поставени без хронолошки редослед, имиња и датуми, оставајќи му на посетителот слободен простор самиот да ги поврзе фрагментите и приказните.
Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 22 септември 2026 година, а е реализирана со поддршка од Министерството за култура и туризам, во рамки на Годишната програма за 2026 година.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













