Македонската независност одбележана со концерт во Софија
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 09 Септември 2026
Празничната програма ќе ја изведат оперскиот пејач Никола Зацески и пијанистот Бојан Димитровски, кои пред публиката ќе претстават избор на дела посветени на македонското музичко наследство.
Од Македонскиот КИЦ во Софија велат дека настанот е организиран во чест на 8 Септември, Денот на независноста, и има за цел преку музиката да ја доближи македонската култура до публиката во Бугарија.
Концертот е дел од активностите со кои се одбележува значајниот јубилеј – 35 години независна Македонија.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













