Сулејмани и Манчевски разговараа за иднината и меѓународната афирмација на македонскиот филм

На состанокот биле разгледани состојбите во домашната филмска индустрија, со посебен акцент на условите за работа и творештво на филмските автори, како и на потребата од континуирана институционална поддршка за развој на продукциските капацитети.

 

Министерот Сулејмани ја нагласил улогата на филмот во културниот живот на земјата, оценувајќи дека македонската кинематографија има значење не само за зачувување и промовирање на културниот идентитет, туку и за претставување на државата во меѓународни рамки.

 

На средбата била истакната и потребата од создавање дополнителни можности за домашните режисери и филмски работници, како и за поголема видливост на македонските филмски продукции надвор од земјата.

 

Сулејмани и Манчевски изразиле подготвеност за продолжување на соработката, со цел унапредување на филмската дејност и отворање нови перспективи за македонските автори и продукциски куќи.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.