Македонски културен центар во Истанбул: Свечен концерт на квартетот „Стрингендо“ по повод 35 години независност

По повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Република Македонија, Македонскиот културен центар во Истанбул утре, 8 септември, ќе приреди спектакуларен свечен концерт на истакнатиот музички состав – квартетот „Стрингендо“.

 

Настанот ќе се одржи во Културниот центар „Тарик Акан“ во Атаќој, Истанбул, со почеток во 20:00 часот, а влезот е слободен за сите љубители на уметноста.

 

Свеченото отворање на вечерта ќе го предводат генералниот конзул на Македонија во Истанбул, Идрис Фазлиоски, и директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски.

 

Оваа културна манифестација е посветена и на долгогодишното пријателство и цврстите врски меѓу Македонија и Турција.

 

Врвните македонски музичари – Наташа Лазаревска (обоа), Олгица Шундиќ (виолина), Љупка Каевиќ (виолончело) и Андреја Наунов (пијано) – подготвија посебна програма со адаптации за инструментален состав, изведувајќи антологиски нумери како „Јовано, Јованке“, „Мајка на Марика“, „Донка“, „Македонско девојче“, „Бор садила мома Евгенија“, „Пајдушко оро“ и „Не си го продавај, Кољо, чифликот“, заедно со познатите турски композиции „Çanakkale“ и „Üsküdar’a Gider İken (Kâtibim)“.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.