„МОТУС АРТ 2026“ носи 30 дела од македонски уметници во Куманово
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 01 Септември 2026
Љубителите на ликовната уметност утре ќе имаат можност да ја посетат изложбата „МОТУС АРТ 2026“, која ќе биде отворена во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, со почеток во 19 часот.
На изложбата ќе бидат прикажани околу 30 ликовни дела создадени од 12 македонски автори.
Посетителите ќе можат да видат творби работени во различни техники, меѓу кои масло и акрил на платно, како и акварел.
Разновидните стилови и индивидуални уметнички пристапи ја сочинуваат концепциската целина на изложбата, која е насочена кон промоција на современото македонско ликовно творештво и поголема афирмација на домашните автори.
Настанот е прва групна ликовна изложба што ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности МОТУС. Проектот е поддржан од Општина Куманово преку Годишната програма за култура.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













