Хозе Карерас вечерва пред скопската публика, следуваат концерти со македонски музички ѕвезди

Скопје вечерва ќе биде во знакот на операта и музичкиот спектакл. На Плоштад Македонија, со почеток во 20 часот, ќе настапи легендарниот тенор Хозе Карерас, а концертот ќе биде отворен и бесплатен за сите посетители.

 

Во музичката програма ќе учествуваат Македонската филхармонија и голем број познати македонски изведувачи, меѓу кои Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.

 

Во вториот дел од концертот, централното место ќе му припадне на Карерас, кој со својот препознатлив репертоар ќе настапи во придружба на Македонската филхармонија.

 

Оркестарот ќе го предводи долгогодишниот соработник и диригент на тенорот, Давид Хименез.

 

Музичката програма продолжува и утре со концертот „Најдоброто од Македонија“, кој ќе се одржи на платото пред арената „Борис Трајковски“.

 

Публиката ќе има можност да ги слушне Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари.

 

Прославата ќе продолжи на 4 септември на Плоштад Македонија со мултимедијалниот спектакл „Силно светнал ден“, во кој ќе учествуваат повеќе од 120 артисти.

 

Завршницата е предвидена за 8 септември на стадионот „Тоше Проески“, каде што пред скопската публика ќе настапи светската музичка ѕвезда и диџеј Давид Гета со шоуто „The Monolith Stadium Show“.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.