Пејчинова, Андоновска-Трајковска и Јанковски добитници на наградите на „Празник на липите“

Ана Пејчинова, Даниела Андоновска-Трајковска и Владимир Јанковски се добитниците на наградите на анонимниот конкурс за најдобра кратка книжевна форма, распишан во рамките на 30. издание на манифестацијата „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

 

На конкурсот пристигнале вкупно 32 дела, а жири-комисијата во состав Ива Дамјановски, Никола Маџиров и Жарко Кујунџиски ги избрала најдобрите творби преку независно бодување.

 

Првата награда за поезија ја освои Ана Пејчинова за песната „Мајсторска завршница“, втората награда за поезија ѝ припадна на Даниела Андоновска-Трајковска за „Татко ми станал писател“, додека третата награда за расказ ја доби Владимир Јанковски за „Сребре Тилевски, липарот“.

 

Избраните дела, заедно со другите пријавени творби, ќе бидат претставени на свеченото затворање на манифестацијата на 5 септември.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.