Македонска културна недела од 3 до 6 септември во Албанија

Од 3 до 6 септември 2026 година, во Тирана, Драч и Корча ќе се одржи манифестацијата „Македонска културна недела во Албанија“, во организација на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Тирана.

 

Преку концерти, изложби, фолклорни и драмски настапи, како и дегустации на македонски производи, настанот има за цел да ги претстави македонската култура, уметност и традиција пред албанската публика.

 

На програмата се застапени концерти на оркестарот „Ајга“ и ансамблот „Кон Темпора“ под диригентство на маестро Иван Еминовиќ, фолклорните друштва „Еуро Арт Академија“ и она од Мала Преспа, квартетот „Мевлем“, како и монодрамата „Меѓникот“ во изведба на Доне Донев.

 

Програмата содржи и изложба на фотографии од Преспа од Пали Колефски, музички настапи на Кристијан Ѓорѓи, ДЈ сетови на DJ Pass-N-G-R и DJ Spiro, како и промоција на македонски вина и ракија од винариите „Бовин“ и „Тиквеш“ и македонско пиво.

 

Културната недела се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија, Амбасадата на Македонија во Албанија и Министерството за туризам, култура и спорт на Албанија.

 

Дополнителната финансиска поддршка од албанска страна е остварена како резултат на ангажманот на директорката на КИЦ Тирана, Ема Попивода, и континуираната соработка со нивните културни институции.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.