Заврши 66. издание на „Охридско лето“: „До следното лето, до следната средба, до следниот аплауз“

Заврши 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, оставајќи зад себе бројни музички и уметнички настапи, емоции и спомени.

Од фестивалот упатија благодарност до сите уметници кои во текот на летото настапија на фестивалските сцени, како и до спонзорите, поддржувачите, партнерите и пријателите кои придонесоа за реализацијата на програмата.

Посебна благодарност е упатена до публиката, која и годинава беше дел од фестивалските вечери и, како што велат од „Охридско лето“, е една од најважните причини поради кои уметноста продолжува да живее, а фестивалот од година во година да се развива.

„Ви благодариме што бевте со нас. Ви благодариме што верувавте во уметноста. И ви благодариме што заедно го создадовме уште едно Охридско лето“, порачаа од фестивалот.

Со завршувањето на 66. издание, фестивалот ја затвора уште една успешна фестивалска приказна, но со порака до публиката: „До следното лето. До следната средба. До следниот аплауз.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.