Охридско лето со нова музичка недела: Унгарска и Полска вечер, младински оркестар и концерти
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 16 Август 2026
Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со богата музичка програма во рамки на своето 66. издание, со повеќе концерти и настапи што ќе се одржат од 17 до 19 август.
Фестивалската недела ќе започне на 17 август со завршниот концерт на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на Емилио Перцан и Тамила Гулиева.
Истиот ден публиката ќе има можност да го проследи и настапот на Западен Балкански младински оркестар, во рамки на програмата „Подиум на млади“.
На 18 август следува Унгарска вечер, додека на 19 август фестивалската програма продолжува со Полска вечер, посветена на музичките традиции на Полска.
Организаторите ги повикуваат љубителите на музиката да изберат една од фестивалските вечери и да бидат дел од 66. издание на „Охридско лето“.
Билетите се достапни преку MKTickets, Karti.com.mk и на билетарата на „Охридско лето“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













