Стрип центар на Македонија – Велес: Од 20 до 23 август ќе се одржи 8. Меѓународна стрип-колонија со уникатен концепт посветен на балканските авторки

Стрип центарот на Македонија – Велес ја најави претстојната 8. Меѓународна стрип-колонија „Велес 2026“, која во периодот од 20 до 23 август ќе се одржи во Спомен-куќата на Касапови.

 

Овогодишното издание носи посебен и иновативен концепт, фокусирајќи се исклучиво на женското стрип-творештво и создавање на силна балканска уметничка соработка.

 

На колонијата ќе учествуваат 14 истакнати стрип-авторки од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија, кои во текот на четирите дена ќе творат под стручно менторство на професорот Владимир Весовиќ од Белград.

 

Настанот има за цел да ја поттикне меѓународната размена на професионални искуства, да ја збогати регионалната соработка и дополнително да ја поврзе македонската стрип-сцена со современите европски текови.

 

Проектот се реализира со традиционална поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Велес.

 

Организаторите нагласуваат дека манифестацијата дава значаен придонес и во развојот на културниот туризам во градот, поттикнат преку препознатливите велешки стрип-мурали и постоењето на богатата стрип-библиотека која брои околу 10.000 наслови.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.