„Фолтин“ со голем јубилеен концерт во Хераклеја

Македонскиот состав „Фолтин“ годинава одбележува три децении авторска и концертна активност, период во кој изгради уникатен стил и препознатлив настап, спојувајќи различни форми на уметничко изразување.

 

Јубилејниот концерт во Хераклеја е замислен како еден од главните настани во годината посветена на 30-годишнината од постоењето на бендот.

 

Изборот на локацијата има и симболично значење, бидејќи античкиот локалитет е поврзан со почетоците на нивната музичка приказна.

 

Публиката на 29 август ќе има можност да го проследи препознатливиот сценски перформанс на „Фолтин“, кој низ годините се издвојува по комбинацијата на музика, театар и визуелни елементи, како и по непредвидливата концертна атмосфера.

 

Во текот на трите децении активност, „Фолтин“ остави свој белег на македонската и регионалната музичка сцена, градејќи авторски пристап кој ги надминува класичните жанровски граници.

 

Јубилејниот проект „30 години Фолтин“ е поддржан од Министерството за култура и туризам и е дел од програмата на настани од национален интерес.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.