Охридско лето: Од 13 до 16 август премиерно започнува програмата „Џез-вечери“ со шест концерти на врвни домашни и странски музичари

Фестивалот „Охридско лето“ ја збогатува својата традиционална програма со ново издание – од 13 до 16 август за првпат ќе се одржи манифестацијата „Џез-вечери“, која во рамките на четири фестивалски дена ќе понуди шест врвни концерти со истакнати домашни и меѓународни музички имиња.

 

Музичката програма започнува на 13 август во античната црква „Света Софија“, каде што Крсте Роџевски ќе го промовира својот албум „Orthodoxia Kai Thanatos“, по што вечерта ќе продолжи во предворјето со настап на Дине Донеф и неговото трио.

 

Следниот ден, на 14 август, сцената „Долни Сарај“ ќе биде резервирана за Националниот џез-оркестар и нивната изведба на програмата „Македонски сновиденија“, со специјален гостин – признатиот трубач Питер Сомуа.

 

Сомуа ќе се претстави со својот бенд и на 15 август, а веднаш потоа следува концерт на познатата британска саксофонистка Нубаја Гарсија.

 

Фестивалската џез-програма ќе заврши на 16 август со настап на британскиот состав „Киото“ (Kiioto), предводен од Лу Роудс и Роан Хит.

 

Од организацијата потсетуваат дека за вечерите на кои се закажани по два концерта, купената влезница важи за двата настани во рамките на истата вечер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.