Охридско лето: Вечерва во црквата „Света Софија“ концерт на врвниот кинески пијанист Сихенг Сонг

Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во античната црква „Света Софија“ во рамките на престижниот фестивал „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на истакнатиот кинески пијанист Сихенг Сонг, кој важи за еден од најдобрите и најуспешните музичари од својата генерација.

 

Роден во Шангај во 1981 година, Сонг се школувал во Франција и е добитник на бројни престижни меѓународни награди, меѓу кои се издвојува првата награда на угледниот пијанистички натпревар „Лонг-Тибо“ во 2004 година.

 

Во текот на својата богата кариера, тој настапувал во најзначајните светски музички центри, како Париз, Берлин, Њујорк, Токио, Пекинг и Шангај, соработувајќи со реномирани оркестри на голем број меѓународни фестивали.

 

Покрај стандардните настапи, Сонг од 2010 година развива и иновативен мултимедијален концертен формат во кој класичната музика ја поврзува со театарот, визуелните уметности и литературата, со цел уште повеќе да ја доближи до современата публика.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.