Барокни звуци во „Света Софија“: Костов и Созовска вечерва на „Охридско лето“

Барокната музика вечерва ќе одекне во црквата „Света Софија“ во Охрид, каде во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе настапат македонските уметници Владимир Костов и Цветанка Созовска.

 

Концертот, кој започнува во 21 часот, ќе донесе избор од барокниот музички репертоар, со виолината на Костов и чембалото на Созовска во автентичниот амбиент на црквата „Света Софија“.

 

Созовска повеќе од две децении живее и работи во Холандија, каде се занимава со изведувачка и педагошка дејност.

 

Таа своето музичко образование го усовршувала на Кралскиот конзерваториум во Хаг, а зад себе има настапи на повеќе европски сцени и во Јужна Кореја, како и соработки со реномирани барокни музичари и ансамбли.

 

Костов, пак, има долгогодишно меѓународно искуство и настапи во Европа, САД и Азија.

 

Тој дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а дополнително се усовршувал кај повеќе истакнати музички педагози.

 

Публиката на „Охридско лето“ вечерва ќе има можност да проследи концерт на двајца македонски музичари со меѓународна кариера, во еден од најпрепознатливите фестивалски амбиенти во Охрид.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.