„Кога денот немаше име“ бесплатно на големо платно во Скопје
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 11 Август 2026
Филмот „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска ќе биде прикажан бесплатно на 24 август во Синеплекс, во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“.
Проекцијата започнува во 19 часот, а публиката ќе има можност да ја проследи приказната за група тинејџери од скопската периферија чија безгрижна ноќ постепено се претвора во серија непредвидливи настани.
Филмот ги обработува младешките односи, дилемите и конфликтите, но и етничките тензии во општеството.
Преку приказната за една генерација, „Кога денот немаше име“ го прикажува периодот на транзиција и промените во вредностите со кои растат младите.
Остварувањето од 2017 година ја имаше светската премиера на Берлинале, во програмата Панорама, а потоа беше прикажано и на повеќе меѓународни филмски фестивали.
Сценариото е на Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, директорка на фотографија е Ањес Годар, а продуцентка е Лабина Митевска.
Влезот на проекцијата е бесплатен.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













