„Охридско лето“ со средновековна музика во изведба на „Готик војсис“

Фестивалот „Охридско лето“ понуди уште една музичка вечер исполнета со духовност, вокална хармонија и безвременска убавина.

Во волшебниот амбиент на црквата „Света Софија“ настапи ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија, кој пред фестивалската публика изведе дела од средновековната музика.

 

Фото: @therealmagarko

 

 

 

 

 

Со својата префинета вокална интерпретација и автентичен музички израз, британскиот ансамбл создаде впечатлива атмосфера во еден од најзначајните културно-историски простори во Охрид.

 

Концертот беше дел од 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“, а публиката имаше можност да ужива во уникатно музичко доживување во амбиентот на „Света Софија“.

 

Фестивалот продолжува да ја збогатува летната културна понуда во Охрид, со настапи на реномирани уметници и ансамбли од земјата и странство.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.