Фестивал „Охридско лето“: Вечерва во „Света Софија“ традиционална „Грчка вечер“ со Теодосија Нтоку и Масимо Полидори

Во рамките на престижниот фестивал „Охридско лето“, вечерва (7 август 2026 година) со почеток во 21:00 часот, античката црква „Света Софија“ во Охрид ќе биде домаќин на традиционалната „Грчка вечер“.

 

На сценскиот подиум пред охридската публика ќе настапат врвната грчка пијанистка Теодосија Нтоку и истакнатиот италијански виолончелист Масимо Полидори.

 

Музичките уметници подготвија богата и репрезентативна програма, во која љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во ремек-дела од познати светски композитори, меѓу кои Сергеј Рахманинов, Антонин Дворжак, Петар Илич Чајковски, Астор Пјацола, Габриел Форе и Едвард Елгар.

 

Овој културен наста традиционално се реализира со голема поддршка од Амбасадата на Грција во нашата земја, како потврда за долгогодишната културна соработка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.