Општина Кисела Вода: Преку милионски инвестиции и капитални проекти целосно се трансформира секојдневието на граѓаните

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска излезе со опширен извештај за реализираните капитални проекти и стратегиски инвестиции во Општина Кисела Вода, нагласувајќи дека со посветена и секојдневна работа на терен целосно е променет ликот на населбите.

 

Во изминатиот период се реализирани сериозни инфраструктурни зафати, меѓу кои изградба на атмосферска и фекална канализација во Бирарија и Бабин Дол, реконструкција на бројни локални сообраќајници како „Томе Арсовски“, „Речиште“ и „Киро Фетак“, како и решавање на сообраќајните и паркинг-предизвиците на клучни локации.

 

Капиталниот проект за целосна реконструкција на коритото на реката Мала Рада во вредност од 57 милиони денари донесе зголемена безбедност и уредена средина, додека преку 120 милиони денари се инвестирани во нови јавни простори, скверови, детски игралишта и спортски зони, како што се новиот калистеник парк и теренот за одбојка на песок во 11 Октомври – Бараки.

 

Посебен фокус е ставен на младите и образованието, каде образовните институции ширум општината добија нови училници, реновирани спортски сали, современ мебел и ИТ опрема, вклучувајќи ја капиталната инвестиција во новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ реализирана преку соработка со централната власт.

 

Сите 530 првачиња добија бесплатни ранци и училишен прибор, а за сите 5.500 основци во општината се обезбедени бесплатни училишни униформи, со што се гарантираат еднакви услови за секое дете.

 

Паралелно, општината оствари значајни резултати во социјалната сфера преку отворање бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги, продолжување на проектот „Итно копче“ со Црвениот крст и директна помош за ранливите категории, додека во делот на животната средина се собрани над 80 тони кабаст отпад, поставени се контејнери за текстил и е воведено еколошко компостирање во училиштата, заокружувајќи ја визијата за модерна, чиста и хумана општина.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.