Кисела Вода ја започнува новата спортска сезона со обезбедени услови за клубовите

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека со договорите се регулираат условите за работа на клубовите, распоредот на тренинзите, како и организацијата и одржувањето на натпреварите во текот на викендите.

 

Во новата сезона Општина Кисела Вода продолжува соработката со десет спортски клубови од различни дисциплини, меѓу кои ракометни, кошаркарски и одбојкарски клубови.

 

Од Општината посочуваат дека навременото усогласување на термините и потребите на клубовите има цел да овозможи непречено одвивање на тренажниот процес и натпреварите во текот на целата сезона.

 

Стаменкоска Трајкоска нагласува дека спортските сали не се само места за тренинг и натпревари, туку и простор во кој младите ги развиваат дисциплината, тимскиот дух и спортскиот талент.

 

Општината најавува продолжување на поддршката за локалните спортски клубови, со фокус на создавање подобри услови за спортистите и поголеми можности за младите да бидат активни во спортот.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.