Кисела Вода: Одржана седница на Локалниот совет за превенција со акцент на безбедноста на децата и младите

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ја предводеше седницата на Локалниот совет за превенција, на која зедоа учество претставници од ОБСЕ, меѓу кои Блерим Зекири и Емили Галеј, како и претставници од полицијата, институциите, училиштата, стручните служби и граѓанскиот сектор.

 

На состанокот се дискутираше за зајакнување на меѓуинституционалната соработка и создавање ефикасни механизми за навремено препознавање на предизвиците со кои се соочуваат децата, младите и семејствата.

 

Особен фокус на седницата беше ставен на превенцијата од врсничко насилство и обезбедувањето сигурна и заштитена средина за секое дете во училиштата, маалата и парковите.

 

Беше нагласено дека целта на локалната самоуправа е proactiveing – делување пред да настанат проблемите, преку достапни механизми за поддршка и активно вклучување на целата заедница.

 

Ова го пренесува градоначалникот на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.