Кисела Вода ги унапредува условите во училиштата со нова опрема и реконструкции
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 31 Август 2026
Во ООУ „Партенија Зографски“ е обновена информатичката опрема со набавка на лаптопи, паметни панели, таблети и гигабитни рутери, со што е овозможено подобро интернет покривање во училиштето.
Покрај дигиталната опрема, обновен е и училишниот мебел. Нови клупи и столчиња се поставени во одделенска настава, а дополнително се опремени и училниците за предметна настава.
Обезбедени се и шкафчиња за наставниот и техничкиот персонал.
Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ исто така се реализирани повеќе активности за подобрување на условите.
Набавени се 150 столчиња, 75 клупи, катедри, телевизори и бели табли, а дополнително се реконструирани и освежени со боја околу 7.500 квадратни метри ѕидни површини во училниците и ходниците.
Од Општина Кисела Вода информираат дека за најмладите ученици е обезбедено ранче со училишен прибор за секое прваче, додека сите ученици ќе добијат и униформи.
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска посочува дека вложувањата во образовната инфраструктура продолжуваат со цел учениците и наставниците да добијат современи и функционални услови за учење и работа.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













