Општина Кисела Вода: Бесплатен ранец и комплетен училишен прибор за сите првачиња

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше дека локалната самоуправа и оваа година ја продолжува традиционалната мерка за финансиска поддршка на семејствата чии деца за првпат се соочуваат со училишните обврски.

 

Во пресрет на новиот почеток на учебната година, Општината обезбеди бесплатни анатомски ранци и комплетентен училишен прибор за секое прваче.

 

Со оваа значајна мерка ќе бидат опфатени околу 530 ученици кои од септември ќе седнат во училишните клупи во сите осум општински основни училишта на територијата на општината.

 

Градоначалничката упати јасен апел до родителите да не се изложуваат на дополнителни трошоци за набавка на ранци и прибор, потенцирајќи дека поддршката важи автоматски за сите запишани првачиња, без никакви посебни критериуми или административни процедури.

 

Целта на оваа иницијатива е да се растовари домашниот буџет на семејствата и да се овозможи првиот училишен ден да биде исполнет исклучиво со детски насмевки и радост, наместо со финансиски грижи.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.