Општина Кисела Вода: Завршено целосното реновирање на објектот „Кокиче“ при градинката „Весели Цветови“
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 10 Август 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше за успешно завршување на градежните работи и целосно реновирање на објектот „Кокиче“, кој работи во состав на детската градинка „Весели Цветови“.
Со овој зафат целосно е обновен средишниот и постар дел од објектот, кој вклучува три занимални за деца на возраст од 2 до 6 години, кујната, канцеларијата и ходникот.
Во рамките на реконструктивните активности отстранета е старата ѕидна ламперија, поставена е нова арматурна мрежа, а ѕидовите се темелно израмнети и обработени.
Исто така, поставени се нов плафон и модерно осветлување, извршена е демонтажа, чистење и бојадисување на радијаторите, со што се создаде многу побезбедна, попријатна и поздрава средина за престој и едукација на најмладите, како и современи услови за работа на воспитниот кадар.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













